а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обрач

мн. обрачи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4220
1. Свиткана во форма на круг дрвена или метална прачка или лента што служи за стегање на дагите на бочва, каца и сл.
Англиски: hoop Албански: qark, rreth
Примери:
железен обрач
2. Свиткано железо во форма на круг што е поставено на кошаркарската табла.
Англиски: rim Албански: rreth
Употреба: Спорт
Примери:
Топката го удри обрачот.
3. опколување, опсада
Англиски: encirclement Албански: rrethim
Употреба: Воен термин , Преносно значење
Примери:
Се стесна обрачот околу комитите.
Ноќеска мора да го пробиеме обрачот.
Изведенки
обраче ср.
мн. обрачиња
дем.