а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обгрне

обгрнат; обгрни, обгрнете; обгрнав, обгрнаа; обгрнал; обгрнат: (ќе) обгрнев, (ќе) обгрнеа; (ќе) обгрнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 39787
1. Прегрне, опфати некого или нешто со рацете.
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Примери:
Ја обгрна девојката околу половината.
Старицата ме обгрна радосно.
Цврсто ја обгрна перницата и заспа.
2. Погледне, опфати некого или нешто со поглед.
Англиски: embrace Албански: përfshi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го обгрна момчето со благ поглед.
Сакаше да обгрне со поглед се што се протегаше пред него.
Изведенки
1. обгрнува несв.
обгрнуваат
2. обгрнување ср.
глаг. им.