а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ничкоса

ничкосаат; ничкосал; ничкосан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11190
1. Наведне, кутне, насочи надолу.
Англиски: lower Албански: rrëzon
Примери:
Ја ничкоса главата и почна да плаче.
Го фати за појас и го ничкоса во снегот.
Ги ничкоса очите од срам.
Погледот го ничкоса.
2. (се ничкоса) Се струполи, падне ничкум.
Англиски: fall down Албански: bie posht, rrëzohet
Примери:
Се ничкоса со сета тежина.
Се заниша и се ничкоса на подот.
Ја најдоа така ничкум ничкосана.
Изведенки
1. ничкосува несв.
(се) ничкосуваат
2. ничкосување ср.
глаг. им.