а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нема

немаат; немаме; немаше, немало; немал, немале; немај; немајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 27
1. (немаше, немало) Не суштествува, не постои, не се наоѓа воопшто.
Англиски: doesn't exist Албански: nuk ekziston
Употреба: Безлично
Примери:
Во селото нема млади луѓе.
Во селото нема училиште.
Таков лек нема.
Нема причина за страв.
Нема доверба.
На островот нема луѓе.
2. Не е присутен, не е на местото каде што се очекува.
Англиски: absent Албански: mungon
Употреба: Безлично
Примери:
Го нема на работа.
Ја нема дома.
Колата му ја немало.
Овде нема еден дел.
3. Во состав со да и глагол образува негирано идно, минато-идно и идно прекажано време.
Албански: nuk do të
Употреба: Безлично
Примери:
Нема да дојде.
Немаше да одат.
Немаше да се согласи.
Немало да го продолжи учењето.
Немало да се вратат.
Нема да купат.
4. Со глаголска именка - нема одење кога се отфрла (се забранува, се одлага) вршењето на глаголското дејство што го означува таа.
Албански: nuk-
Употреба: Безлично
Примери:
Нема јадење сега, прво да доработиме.
Таму нема одење.
Доста е, повеќе нема играње!
Ќе играме, ама нема лутење.
5. Не притежава, не располага со нешто.
Англиски: hasn't Албански: nuk ka
Примери:
Немаат куќа.
Немав пари.
Немале ни храна ни облека.
6. Е без некој дел, му недостига нешто.
Англиски: hasn't Албански: nuk ka
Примери:
Немаат крила.
Немаше рака.
Куќата немала прозорци.
7. Е без некого.
Англиски: hasn't Албански: nuk ka
Примери:
Немам деца.
Немала родители.
Нема пријатели.
8. При определување возраст или количеcтво - нема толку, со број.
Англиски: hasn't Албански: nuk ka aq
Примери:
Нема осумнаесет години.
Немаат десет килограми.
9. Со предлогот за и глаголската именка во разни состави.
Англиски: hasn't Албански: nuk ka
Примери:
Немал ќерка за мажење.
Немаат ништо за продавање.
Немаат пари за земање.
10. Во состав со разни именки означува отсуство на означеното со именката кај лицето со кое се поврзува глаголот нема.
Албански: nuk ka
Примери:
Немам работа.
Немам време.
Немаме причина.
Немал смелост.
Немаат намера.
Немав страв.
Немаше трпение.
Немал желба.
11. Во негираните сложени форми со глаголска придавка.
Англиски: no Албански: jo
Примери:
Немам учено.
Немаш учено.
Немавме набрано.
Изрази
Нема што - така е, тоа сигурно е така (кога се потврдува претходно кажаното).
Нема зошто - куртоазен одговор кога некој се заблагодарува.
(разг., жарг.) Нема врска - не е важно, како било; тоа нема никаква смисла.
Нема грешка - (разг.) - одлично, сè е во ред, сè е како што треба направено, замислено итн.
Нема чаре - нема друг излез, друго решение, така мора да биде.
Нема шега - тоа е сериозна работа, не е за шегување, тој е опасен, со него не можеш да се шегуваш (според контекстот).
(грубо) Да те нема! - бегај одовде, чисти се.
Збор да нема - категорично одбивање, негирање или категорично одобрување, прифаќање (според контекстот).
Нема што нема - има сè и сешто, има по секаков избор.
(разг.) Го нема мајсторот - нема ништо од тоа, не сум јаc тој што ќе се согласи на тоа (при одбивање, неприфаќање на некоја понуда или договор).
Нема сметка - не се исплатува, не се добива ништо од таа работа.
Нема претстава - тоа му е сосема непознато.
Нема нерви - не може повеќе да поднесе нешто (некој напор, состојба).
Нема против - се согласува, е согласен со нешто.
Нема мира - постојано нешто го мачи, го вознемирува.
(разг.) Нема абер - не знае ништо за тоа.
Нема поим - не знае ништо за тоа.
Нема ништо од тоа.
Нема трето.
(разг.) Нема гајле - добро, цврсто, сигурно е.
Нема долго да тера.
Нема гајле, тоа ќе издржи уште толку.
(разг.) Немај гајле - не грижи се, биди без грижа за нешто.
Немај гајле - јас ќе го уредам тоа.