недостапен
недостапниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 10297
1.
Таков до кој не може да се стигне, да се дојде.
Англиски:
inaccessible
Недостапен терен.
Недостапни карпи.
Недостапни височини.
2.
Што не може да се има, да се сфати, да се разбере.
Англиски:
incomprehensible
Недостапно богатство.
Недостапна убавина.
Недостапна содржина.
Недостапни тајни.
3.
Што не е достапен, до кој не може да се дојде, со кој не може да се комуницира.
Англиски:
out of reach
Недостапен за органите на прогонот.
Претплатникот е недостапен во моментов.
Изведенки
недостапност ж.