а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

невкусен

невкусниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 21916
1. Што не е вкусен, што има лош вкус.
Англиски: tasteless
Примери:
Невкусна супа.
Невкусно јадење.
Невкусна торта.
Невкусно чоколадо.
2. Што не одговара на добро однесување, на добар стил.
Англиски: tasteless
Употреба: Преносно значење
Примери:
Невкусна шега.
Невкусна забелешка.
Невкусна гримаса.
Невкусна мода.
Изведенки
1. невкусно прил.
Не е вкусно.
Пример: Невкусно готви. Невкусно се облекува.
2. невкусност ж.