невиден
невидениот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3362
1.
Што не е виден со друг, што не се видел долго со некого.
Англиски:
unseen
Се испоздравија радосни како пријатели одамна невидени.
2.
Што не е видено, што не се случило.
Англиски:
unknown
невиден раскош
невидени бои
Слично со:
непознат (прид.)
Изрази
(разг.) Чудо невидено - за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно.
На невидено - за тоа што се пазари, се зема без да се види. *Го купи на невидено. Се договорија на невидено.
Од невидено ненадејно, неочекувано. *Пред мене се најде едно дете од невидено.
Изведенки
невидено прил.