а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

невиден

невидениот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3362
1. Што не е виден со друг, што не се видел долго со некого.
Англиски: unseen
Примери:
Се испоздравија радосни како пријатели одамна невидени.
2. Што не е видено, што не се случило.
Англиски: unknown
Примери:
невиден раскош
невидени бои
3. невидлив
Англиски: invisible
Примери:
Може сум, може не сум, своевиден, а невиден.
Изрази
(разг.) Чудо невидено - за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно.
На невидено - за тоа што се пазари, се зема без да се види. *Го купи на невидено. Се договорија на невидено.
Од невидено ненадејно, неочекувано. *Пред мене се најде едно дете од невидено.
Изведенки
невидено прил.