а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

настане

настанат; настани, настанете; настанав, настанаа; настанал, настанала, настанало; настанат, настаната, настанато; настанев, настанеа; настанел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1660
1. Настапи, стане, се случи нешто.
Англиски: occur Албански: ndodh
Примери:
Кога сѐ било готово, настанала караница меѓу двајцата.
Промените што настанаа ја подобрија положбата.
Настана голема мешаница меѓу луѓето.
Настана црна темница.
2. Порасне, стане полнолетен, способен за работа.
Англиски: grow up Албански: rritem
Примери:
Кога ѝ настанаа децата, ѝ беше многу полесно.
3. За множество, повеќемина - стане истовремено, наеднаш.
Англиски: stand up Албански: çohem, ngritem
Примери:
Сите настанаа да му честитаат.
4. Се крене на бунт.
Англиски: raise Албански: çohem, ngritem
Примери:
Народот наcтана во сите краишта на земјата.
5. Се создаде, се добие, произлезе од нешто.
Англиски: create Албански: krijoj
Примери:
Езерата настанале со тектонски поместувања на земјиштето.
Изведенки
1. настанува несв.
настануваат
2. настанување ср.
глаг. им.