а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

направи

направат; направам; направил, направија, направиле; (ќе) направевме
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 198
1. Изработи, даде облик, состави нешто.
Англиски: make Албански: bën
Примери:
Направи прстен.
Направи чевли.
Направи стомна.
2. Изгради, изѕида објект на некое место.
Англиски: build Албански: ndërton
Примери:
Направи куќа.
Направи црква.
Направи мост.
Направи пат.
3. Зготви, приготви храна.
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Направи ручек.
Направи салата.
Направи сладолед.
Направи торта.
4. Скрои, сошие облека.
Англиски: make Албански: qep
Примери:
Направи костум за свадбата од сестра му.
5. Приреди, организира, собере множество луѓе со некоја цел.
Англиски: organize Албански: mbledhë
Примери:
Направи свадба.
Направи собир.
Направи приредба.
Направи веселба.
6. Доведе во нормална, исправна состојба, поправи.
Англиски: repair Албански: riparon
Примери:
Мајсторот го направи телевизорот.
7. Предизвика, стори нешто.
Англиски: cause Албански: shkak
Примери:
Направи штета.
Направи судир.
Направи пожар.
Направи беља.
8. Наполни, наврши определен број години.
Англиски: complete Албански: përmbush
Примери:
Кога ќе направиш шест години, ќе заодиш на училиште.
9. Напише текст, административен акт и сл.
Англиски: create Албански: krijoj
Примери:
Секретарот ги направи одлуките од последната седница на Советот.
Записничарот го направи записникот.
Направивме список на сите заинтересирани за патувањето.
10. Означи, опише, нацрта граници на нешто во просторот.
Англиски: make Албански: caktoj
Примери:
Сателитот направи круг околу Земјата.
Направи квадрат над хипотенузата и определи ја неговата плоштина.
Учениците направија круг околу наставникот.
11. Отстапи, овозможи нешто.
Англиски: make Албански: mundësoj
Примери:
Момчето ѝ направи место на жената да седне.
Селаните му направија пат на војводата да помине.
12. Создаде, предизвика некаква состојба, ситуација и сл.
Англиски: make Албански: krijon
Примери:
Невремето нарави големи штети кај раноградинарските култури.
Експлозијата направила мал кратер.
13. За лице - даде на лицето некаков израз, покаже расположение, чувство, однос кон некого или кон нешто.
Англиски: make Албански: krijon
Примери:
Тој направи кисело лице.
Момчето направи најдобра гримаса на натпреварот.
14. придвижи, помести
Англиски: make Албански: afroj
Примери:
Возот направи неколку маневарски движења напред-назад и застана.
Тој направи неколку чекори сам, без туѓа помош.
15. Раскаже, смисли нешто.
Англиски: make Албански: tregoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Децата направија шега на сметка на стариот.
Новинарите од тоа направија приказна.
16. Произведе, назначи некого за нешто.
Англиски: make Албански: prodhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го направија претседател.
Го направи свој наследник.
17. Во состави со именка за означување дејство со значење на именката.
Англиски: make Албански: markë
Примери:
Направи анализа.
Направи забелешка.
Направи исправка.
Направи избор.
Направи проверка.
18. (се направи) Си даде некаков изглед, се преправи, се престори.
Англиски: pretend Албански: pretendoj
Примери:
Се направи важен.
Се направи болен.
Се направи недоветен.
19. (се направи) Дојде во некаква состојба, се претвори во нешто, обично во негативна конотација.
Англиски: become Албански: bëhet, shëndrohet
Примери:
Се направил коски и кожа заради неа.
Изрази
Направи човек од него - добро одгледа, воспита некого.
Изведенки
1. направа несв.
(се) направаат
2. направање ср.
глаг. им.