а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напои

напојат; напој, напојте; напојав, напојаа, напоив, напоија; напојал, напоил; напојан, напоен; напоев, напоеја; напоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7479
1. Даде некому да пие.
Англиски: water Албански: ujë
Примери:
Ги собра децата, ги нахрани и ги напои.
Отиде да го напои добитокот.
2. За земја, почва - прими вода, влага.
Англиски: soak Албански: vadis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Селаните очекуваа господ да ги напои сувите ниви.
Дождот ја напои испуканата земја.
3. Вдахне, предизвика некакво (позитивно) чувство.
Англиски: instil Албански: rrënjos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Убавата природа му ја напои душата со чистота и ведрина.
4. (се напои) Се насити со вода, со течност.
Англиски: drink Албански: pi
5. (се напои) Се насити со влага.
Англиски: soak Албански: ngop
Примери:
Земјата се напои, набрекна.
6. (се напои) Се исполни со вдахновеност, со занес.
Англиски: instil Албански: mbush
Употреба: Преносно значење
Примери:
Младите се напоија со идеите на новото време.
Изведенки
1. напојува несв.
(се) напојуваат
2. напојување ср.
глаг. им.