а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

накај

Вид збор: Предлог
Ранг: 925
1. Пространствено значење - насока на глаголското дејство.
Англиски: towards
Примери:
Одејќи накај Вардар се сретнавме со новиот директор.
Тајниот излез води накај катакомбите.
2. Временско значење.
Англиски: around
Примери:
Стадото го враќаме дома накај Митровден.
3. Приближно бројно значење, околу.
Англиски: around
Примери:
Дедо ми не го одвеле во интернација бидејќи имал накај осумдесет години.