а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наиде

наидат; наиди, наидете; наидов, наидоа, наишол, наишле; (ќе) наидев, (ќе) наидеа; (ќе) наидел; наиден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2233
1. Дојде во пресрет, намине, се појави.
Англиски: appear Албански: arrin, vjen
Примери:
Кога мислев да тргнам, наиде еден пријател и ме задржа малку.
Наиде еден странец и прашуваше нешто.
Човекот што наиде не го познавам.
2. Неочекувано, случајно сретне некого, најде нешто, се намери на некого, на нешто.
Англиски: stumble upon Албански: has
Примери:
Во долината наидоа на една напуштена колиба.
Враќајќи се во селото, наидовме на заседа.
Изведенки
1. наидува несв.
наидуваат
2. наидување ср.
глаг. им.