а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагрвали

(се) нагрвалат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 31409
1. Надојде, се насобере.
Англиски: glut Албански: mbërrij, vrsul
Примери:
Децата (се) нагрвалија во дворот на училиштето.
Бегалци (се) нагрвалија по селата.
2. Силно нападна, се нафрли на некого, на нешто.
Англиски: storm Албански: vërsul, mësyj
Примери:
Едни со пушки (се) нагрвалија да го ослободат градот, други со коли (се) нагрвалија да го ограбат.
Волци, мршојадци (се) нагрвалија од сите страни.
Изведенки
1. нагрвалува несв.
(се) нагрвалуваат
2. нагрвалување ср.
глаг. им.