набљудува
набљудуваат; набљудувал; набљудуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2893
1.
Внимателно гледа некого или нешто.
Примери:
Ја набљудуваше додека излегуваше од продавницата.
Го набљудуваше метежот на улицата.
Слично со:
посматра (несв.)
2.
иследува, проучува
Примери:
Ги набљудува промените во однесувањето на болните.
Ги набљудува појавите на раслојување на општеството.
Слично со:
опсервира (несв.)
3.
Надгледува, следи нечија работа, нечие однесување, некој настан.
Примери:
Го набљудува секој негов чекор, секоја негова постапка.
Неколку нивни претставници го набљудуваа спроведувањето на изборите.
Оттаму ја набљудуваме целата линија на фронтот.
Изведенки
набљудување ср.
глаг. им.
глаг. им.