на
Вид збор: Префикс
Ранг: 36217
1.
Претставка/префикс во образувањето на глаголи, а поретко на други видови зборови.
Почести значења на глаголите со претставката на:
изобилно, прекумерно извршување на дејството (накупи, наноси, наготви, се наигра, се нашета)
дејство во мала мера (напукне, нагори, начуе, нагорчува)
целосно извршување на дејството(напои, навезе, набере, нагости)
дејство што се врши врз нешто (наметне, нарами, нагази, налепи)
2.
Во именските образувања означува предмет што се наоѓа врз тоа што е именувано со основната именка.
нараквица, нарамник, напрсток
3.
Прилошките образувања со оваа претставка одат со значење на место, време и начин.
место: надвор, наваму, напред, насекаде
време: набргу, наскоро, напладне
начин: насила, навреме, најаве, насоне