на
Вид збор: Предлог
Ранг: 3
1.
Пространствено значење: место каде што се наоѓа нешто или се случува нешто.
На тротоарот стоеја двајца стражари.
Се криел на таванот.
2.
Вршење дејство кон определено место, насока.
Се искачија на Водно за половина час.
3.
Целно, намерно значење.
Ги оставиле децата на чување кај сосетката.
Од први март ќе одам на работа.
Утре одиме на Бистра да скијаме.
4.
временско значење
На излегување од дома се сретнав со Иван.
Судбоносниот настан се случил на трети мај во Велес.
5.
припадност, поседување
Ретко влегуваа соседи во домот на остарениот Јован.
Од торбата на овчарот жената истресе неколку камчиња.
6.
условно-временско значење
На променливо и врнежливо време болните не треба да излегуваат надвор.
7.
начинско значење
Јана се налутила иако сето тоа ѝ било кажано на шега.
8.
причинско значење
На мое инсистирање остана до крајот на состанокот.
Сите му се восхитуваа на храброста што ја покажа во тој момент.
9.
Средство, инструмент за вршење дејство.
Марко свири на неколку гудачки инструменти.
По цел ден разговараа на телефон со пријателите.
10.
поттикнување, наведување
Тој непрокопсаник го учи детето само на лоши работи.
11.
мерка, количина
Со брзина од 320 километри на час го соборил досегашниот рекорд.
Тешко можеше да се претпостави дека е човек на 80 години.
12.
квалитативен признак
На лице - бела црвена, на снага - тенка висока.
13.
споредба
Во одењето, целиот е на татко му.
Секој ќе забележи дека многу личи на тетка ѝ Лена.
14.
Премин од една состојба во друга.
Јас ќе се престорам на умрен, а ти...
Царот се престорил на питач и седнал до чорбаџијата.
15.
распределба
Ви следува по еден шатор и три ќебиња на семејство, како прва помош.
16.
Околност под која се врши дејството.
Немој да пиеш на гладно срце.
17.
Вршител на дејство.
Пеењето на Марија ги воодушеви присутните.
Со внимание го следеше летот на орелот.
18.
Објект, трпител на дејство.
Целиот живот ќе го помине во воспитување на децата.
Слободното време го користеше за следење на фудбалските натпревари.
19.
Упатеност, насоченост на дејството кон некого.
Сета вистина ќе му ја кажам на татко ти.
Не треба да му веруваш на секој во групата.
20.
Носител на состојба.
Да си одиме, на детето му се спие.
Изрази
На бунт! На оружје! - апел, наредба.
На здравје! На здравје, на живот! - здравица, желба.
На брза рака - забрзано.
На бавтана - случајно, на среќа.
На куковден - никогаш.