а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

малолетник

мн. малолетници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 11508
малолетно лице
Англиски: minor
Употреба: Правда
Примери:
Малолетник е секое лице на возраст до 18 години кое според Конвенцијата за правата на детето се смета за дете (Закон за малолетничка правда).
Помлад малолетник е малолетник кој во времето на извршувањето на кривичното дело или прекршокот имал наполнето 14 години, а немал наполнето 16 години.
Постар малолетник е малолетник кој во времето на извршувањето на кривичното дело или прекршокот наполнил 16 години, а не наполнил 18 години.
Изведенки
1. малолетница ж.
мн. малолетници
2. малолетничка ж.
мн. малолетнички
3. малолетнички прид.
малолетничкиот
Пример: малолетнички затвор