мае
маат; мај, мајте; маев, маеја; маел; маен; маејќи; мајав, мајаа; мајал; мајан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 26632
1.
Задржува, застанува некого без потреба.
Примери:
Го маеше цел час, едвај си отиде.
Слично со:
задржува (несв.)
2.
(се мае) Бесполезно губи време.
Примери:
Се маеше низ дома без да фати некоја работа.
Слично со:
денгуби (несв.)
Изведенки
маење ср.
глаг. им.
глаг. им.