листа
мн. листи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3341
1.
Список со имиња на лица или на предмети.
Примери:
Листа на елитни имиња од светската џез сцена.
Листа на лекови.
2.
Список на јадења и пијалаци.
Примери:
Листа на бели вина.
На ѕидот висеа листите на јадења за таа недела.
3.
Формулар на кој е испишана историјата на болеста, дијагнозата, лекувањето на болен.
Примери:
Отпусна листа.