лента
мн. ленти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3145
Англиски:
ribbon
Албански:
lentë, shirit
Од разнобојните ленти таа направи панделки.
На свеченото отворање претседателот ја пресече лентата.
лента за машина за пишување
Слично со:
ширит (м.)
2.
Специјално долго, тесно и тенко парче пластика сместено во пластична кутија што служи за тонски или визуелни записи.
Примери:
видео лента
филмска лента
магнетофонска лента
3.
Дел од пат или од поширока улица.
Примери:
Новиот булевар ќе има по четири ленти во еден правец.
4.
Подвижен елемент во фабрика со кој се пренесуваат производите од една до друга машина или од еден до друг погон.
Примери:
бескрајна лента
подвижна лента
Слично со:
трака (ж.)
Изведенки