а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

легенда

мн. легенди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2839
1. Предание за животот на некој човек или за необичен настан.
Англиски: legend Албански: legjendë
2. Објаснување на знаците за употреба на географска карта, на цртеж, план, шема и сл.
Англиски: caption Албански: legjendë
Примери:
Не умее да ја протолкува легендата.
3. Измислен настан или приказна за настан што се случил, но изменета и збогатена од фантазијата.
Англиски: legend Албански: legjendë, gojdhënë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од сосема неважно нешто направи вистинска легенда.
Изрази
Жива легенда - за човек што доживува голема слава, што cтанува симбол за нешто уште додека е жив.