а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лае

лаат; лај, лајте; лаев, лаеја; лаел; лаен; лаејќи; лајав, лајаа; лајал, лајан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3097
1. За куче - испушта звук што се претставува како ав-ав.
Англиски: bark Албански: leh
Употреба: Биологија
Примери:
Тишината ја прекинаа кучињата што лаеја.
2. Вика, се кара.
Англиски: shout Албански: kapem, bërtas
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Тие две цело утро лаат една на друга.
Колку помалку знае, толку погласно лае.
3. Озборува, шири невистини.
Англиски: defame Албански: përgojoj, shpif
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Сосетката повторно лаеше за тебе.
Изрази
Кучето што лае не каса - тој што е силен на зборови, обично останува само на тоа, а не дејствува.
Кучињата лаат, карванот врви - и покрај приговорите и забелешките, продолжува да си работи по свое.
Изведенки
лаење ср.
глаг. им.