лае
лаат; лај, лајте; лаев, лаеја; лаел; лаен; лаејќи; лајав, лајаа; лајал, лајан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3097
1.
За куче - испушта звук што се претставува како ав-ав.
Примери:
Тишината ја прекинаа кучињата што лаеја.
2.
Вика, се кара.
Примери:
Тие две цело утро лаат една на друга.
Колку помалку знае, толку погласно лае.
Слично со:
кара (несв.)
Изрази
Кучето што лае не каса - тој што е силен на зборови, обично останува само на тоа, а не дејствува.
Кучињата лаат, карванот врви - и покрај приговорите и забелешките, продолжува да си работи по свое.
Изведенки
лаење ср.
глаг. им.
глаг. им.