а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кукне

кукнат; кукни, кукнете; кукнав, кукнаа; кукнал; кукнат; кукнев, кукнеа; кукнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 42144
1. За кукавица - се огласи, испушти звук само еднаш.
Англиски: cuckoo Албански: zë qyqje
Примери:
Кукавицата кукна во шумата.
2. Остане некаде долго не по своја желба, окапе некаде.
Англиски: rot Албански: kalbem ndejturi
Употреба: Преносно значење
3. се роди
Англиски: born Албански: lind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа мрза кукнала, мрза и ќе се искине!
Човекот ќе се најде себеси таму каде што кукнал.
Изрази
Како кукна да не кукнеше - клетва.
Изведенки
1. кукнува несв.
кукнуваат
2. кукнување ср.
глаг. им.