кукла
мн. кукли
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2636
1.
Фигура (обично женска) на човек што служи како детска играчка.
Примери:
Куклата спие.
Девојчињата си играат со кукли.
2.
Фигура на човек или само на труп што служи за излагање облека или како кројачки модел.
Во излогот стои женска кукла.
Слично со:
модел (м.)
3.
Фигура со подвижни делови (раце, нозе, глава) и со која се игра во куклен театар.
Слично со:
марионета (ж.)
4.
Човек со кој управува друг.
Примери:
Тој е само кукла, не умее да се спротивстави.
5.
Назив за обраќање.
Примери:
Кукло моја!
7.
Последен стадиум во развојот на некои инсекти, ларви и сл.
Примери:
Ларвите се преобразуваат во кукла во почвата.
Изведенки
1.
кукле ср.
мн. куклиња
дем.
мн. куклиња
дем.
2.
кукличка ж.
мн. куклички
дем.
мн. куклички
дем.
3.
кукленце ср.
мн. кукленца
дем.
мн. кукленца
дем.
4.
кукличе ср.
мн. кукличиња
дем.
мн. кукличиња
дем.