а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крпа

мн. крпи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2151
1. Парче ткаенина (обично од износени алишта) за крпење алишта.
Англиски: patch Албански: arnë
Примери:
Неговото старо палто беше закрпено со многу крпи.
2. Парче платно за бришење или за миење, триење нешто.
Англиски: cloth Албански: leckë
Примери:
Домаќинката ги триеше нечистите садови со крпата.
3. Парче ткаенина, фротир што служи за бришење раце, лице, тело.
Англиски: towel Албански: peshqir
Примери:
Му ја подаде белата крпа да си ги избрише рацете.
крпа за лице
4. Шамија (обично бела) со која жените ја покриваат главата, врзана под брадата.
Англиски: scarf Албански: shall
Примери:
Со бела крпа на главата лежеше на креветот.
5. Нешто што е старо, излитено, ветво; што не е за употреба.
Англиски: rag Албански: leckë
Употреба: Преносно значење
Изрази
Крпа се сторил / Блед како крпа - станал / е многу блед од болест или од страв.
Изведенки
1. крпичка ж.
мн. крпички
дем. и хип.
2. крпе ср.
(едн.)
дем. и хип.
3. крпиште ср.
мн. крпишта
аугм. и пејор.