краде
крадат; кради, крадете; крадев, крадеа; крадел; краден; крадејќи; крадов, крадоа; крал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2317
1.
Присвојува нешто туѓо без дозвола на сопственикот.
Примери:
Краде круши.
Краде автомобили.
Краде пари.
Слично со:
присвојува (несв.)
2.
Присвојува туѓо дело; прави плагијат.
Албански:
plagijat
Во науката некои препишуваат и крадат.
Слично со:
плагира (св. и несв.)
3.
Граба мома без знаење на нејзините родители.
Примери:
Вечер ќе го крадеме девојчето од дома.
5.
(се краде) Се присвојува нешто.
Примери:
Еден со друг се крадеа и се лажеа.
6.
(се краде) Оди, излегува без дозвола, кришум.
Примери:
Момчето се крадеше од интернатот.
Изведенки
крадење ср.
глаг. им.
глаг. им.