кој
мн. кои
Вид збор: Заменка
Ранг: 11
1.
Именска прашална заменка за лице: во директно прашање кога се прашува за непознато лице или за предмет.
Кој дојде?
Кој ви дал право на тоа?
Од кое место си?
На која клупа да седнам?
2.
Во зависни иcказни реченици.
Англиски:
who
А јас сега, ниту знам кој сум ни што сум.
Посака да праша кое време е.
Чекаа учителот да им определи кој во кое одделение ќе учи.
Треба да видиме кој за што е дојден тука.
3.
Во извични и прашално-извични реченици.
Англиски:
who
Кој смее мене да ме затвори!?
Кој да ги разбере плановите!
4.
Во односни реченици: на почетокот од односната реченица со која се определува еден збор или поим од претходната реченица.
Англиски:
who
Видов еден човек кој ми се стори познат.
Тешки се прашањата на кои треба да одговорам.
Си била една царица која имала три сина.
Масата при која седеше беше прекриена со зелена чоја.
Дворот во кој влегува е доста широк.
5.
за иcкажување посвојност
Англиски:
who's
На кого е детево?
Човек, заслугите на кој не можат да се избројат.
Слично со:
чиј (зам.)
6.
Во неопределено значење при набројување: некој..., еден..., друг..., трет...
Англиски:
some
Потоа луѓето се сјурија надолу, кој на нозе, кој на колена, кој на дланки.
Но еве минат ученици, кој сам, кој двајца или во група.
Бевме наседнале околу печката, кој на маса, кој на столици и си разговаравме.
Изрази
Кој (и да) било - сеедно кој, некој.
Кој-годе - сеедно кој, секој.
Кој знае! - за изразување сомнеж, чудење за нешто непознато.
Кој (го) знае - не се знае, никој не знае.
Како кој - изразува нееднаквост, нееднаква примена, важност и сл. на нешто.
Кој од кој (подобар) - има значење на придавка во компаратив.
Со кое лице ќе излезеш пред него? - како ќе излезеш пред него?
Со кој ум го стори тоа? - како го стори тоа?