коктел
мн. коктели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 11235
1.
Мешан пијалак што се добива со мешање на две или повеќе состојки: алкохолни пијалаци, сок, млеко, јајца, шеќер и мраз.
Вид: пијалак (м.)
2.
Свечен или пријателски прием на кој се стои и слободно се разговара, при што се служат пијалаци и ладни јадења.
Примери:
Коктелот беше приреден во кабинетот на претседателот.
Одам на коктелот по повод промоцијата на новата песна.
3.
Мешавина од многу нешта.
Примери:
Ништо не се разбира во овој коктел од разни јазици и наречја.
Слично со:
мешавина (ж.)