кога
Вид збор: Сврзник
Ранг: 475
1.
Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица.
Англиски:
when
Кога дојде таа, тој веќе беше заминат.
Тој може да дојде кога ќе се стемни.
Тивка тага го обзема кога мисли на минатото.
Кога ќе заврши трката, сите ќе прославуваме.
2.
Во условни зависносложени реченици, cо можен начин.
Англиски:
when
Кога би дошла, би ја видела оваа убавина.
Кога би сакал да работи, би сработил многу.
3.
Во условни зависносложени реченици, со надвременско значење за да се изрази особен вид (исполнет) услов.
Англиски:
when
Кога нема избор, настапува случајноста.
Кога се нема среќа, работата не се одвива добро.
4.
Во независносложени реченици кога во дел-речениците се одвиваат истовремени дејства, формално независносложени реченици.
Англиски:
when
Седи така замислен кога одеднаш забележува чудни сенки на ѕидот.
5.
Во односни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на време, заедно со „што“.
Тој дојде тогаш кога што можеше да најде малку слободно време.