а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

книговодство

мн. книговодства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 25092
1. (само едн.) Систем на евиденција што се води во специјално одредени, деловни книги и служи за евидентирање и контрола на имотната состојба и финансиските промени во некоја стопанска или друга организација.
Англиски: bookkeeping Албански: kontabilitet
Употреба: Економија
Примери:
Ме упатија во едно претпријатие да го водам книговодството.
2. Организационен оддел што врши книговодство.
Англиски: bookkeeping Албански: kontabilitet
Употреба: Административен термин
Примери:
Го поставија за шеф на книговодство.
Книговодствата на двете компании ги споредија податоците за работењето.
Изрази
Двојно книговодство - систем на водење деловни книги во книговодство со водење на две паралелни сметки така што во едната се бележат cите финансиски промени, а во другата само состојбата на имотот.
Просто книговодство - систем на водење на деловни книги во книговодство со помош на една сметка што се користи во помали стопански единици.
Изведенки
книговодствен прид.
книговодствениот