а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клука

клукаат; клукал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7692
1. колве
Англиски: pick Албански: mallkoj
Примери:
На нивата врапците клукаа зрна.
Косовите наесен ги клукаа гроздовите.
2. Удира со клунот.
Англиски: peck Албански: sqep
Примери:
На дрвото клукаше клукајдрвец.
3. чука, тропа
Англиски: knock Албански: godas
Примери:
Лете дома си седи, си клука со теслата, си прави по некое каче.
Некој клука на портата.
4. За рана - боде, пече.
Англиски: hurt Албански: lëndoj
Примери:
Раката cилно го болеше и клукаше.
5. Постојано тера некого на сила да јаде, да пие нешто.
Англиски: feed Албански: ushqej
Употреба: Разговорно
Примери:
Секој ден го клука со витамини.
6. Постојано нешто зборува, кажува.
Англиски: feed Албански: ushqen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секој ден ја клукаа со нови лаги и измислици.
7. (се клука) Постојано јаде.
Англиски: feed Албански: ushqen
Примери:
Само се клука со лекови.
Изведенки
клукање ср.
глаг. им.