а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клацка

клацкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 24810
1. клати, ниша
Англиски: rock Албански: shkund
Примери:
Чезата полека клацка по патот.
2. Тресе, клати сад исполнет cо течност за да се измеша.
Англиски: shake Албански: shkund
Примери:
Ќе го клацкаш млекото во шишето за да се растопи шеќерот.
3. За течност - удира во внатрешноста на садот испуштајќи карактеристичен звук.
Англиски: tilt Албански: anoj
Примери:
Во ранецот клацка водата во матарката.
4. (се клацка) Се клати, се ниша ваму-таму.
Англиски: shake Албански: lëkund
Примери:
Цела ноќ се клацкаа со возот.
5. (се клацка) Се движи нишајќи се, се гега; се движи бавно, се влече.
Англиски: dawdle Албански: hallavitem
Примери:
Другарите му викнаа да побрза и да не се клацка по патот.
Изведенки
клацкање ср.
глаг. им.