а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клапне

клапнат; клапни, клапнете; клапнав, клапна, клапнаа; клапнал; клапнат; (ќе) клапнев, (ќе) клапнеа; (ќе) клапнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17409
1. Почувствува замор, опадне, премали, ослабне.
Англиски: wilt Албански: stërlodhem
Примери:
Нозете му виснаа изнемоштено, главата клапна.
Неговите клепки сосема клапнаа.
Старецот клапна во фотелјата.
2. Падне, напласти, се задржи долго, заседне на подолго време.
Англиски: fall Албански: bie, rrëzohem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Клапнал снегот, ги покрил селските куќички, дрвјата и не станал.
Зимата клапна над селото.
Кога клапна, не му текна да си оди.
3. (се клапне) Се заседне, губи време без работа.
Англиски: waste time Албански: bie, shtrij
Употреба: Разговорно
Примери:
Што си се клапнал овде, немаш ли некоја работа?
Изведенки
1. клапнува несв.
клапнуваат
2. клапнување ср.
глаг. им.