клапне
клапнат; клапни, клапнете; клапнав, клапна, клапнаа; клапнал; клапнат; (ќе) клапнев, (ќе) клапнеа; (ќе) клапнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17409
1.
Почувствува замор, опадне, премали, ослабне.
Англиски:
wilt
Албански:
stërlodhem
Нозете му виснаа изнемоштено, главата клапна.
Неговите клепки сосема клапнаа.
Старецот клапна во фотелјата.
Слично со:
премали (св.)
2.
Падне, напласти, се задржи долго, заседне на подолго време.
Примери:
Клапнал снегот, ги покрил селските куќички, дрвјата и не станал.
Зимата клапна над селото.
Кога клапна, не му текна да си оди.
Слично со:
падне (св.)
3.
(се клапне) Се заседне, губи време без работа.
Примери:
Што си се клапнал овде, немаш ли некоја работа?
Изведенки
1.
клапнува несв.
клапнуваат
клапнуваат
2.
клапнување ср.
глаг. им.
глаг. им.