катакомба
мн. катакомби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 27843
1.
(обично мн.) Подземни ходници и простории во кои првите христијани ги погребувале мртвите и се собирале за молитва.
2.
Кај старите Египќани - место под земјата каде што се чуваат мумиите.
3.
Мрачно место.
Примери:
Ги чистевме мрачните подруми, тие мемливи катакомби, по наредба на управникот.