а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

карта

мн. карти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1581
1. Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела.
Англиски: map Албански: hartë
Употреба: Географија
Примери:
карта на светот
георафска карта
астрономска карта
2. Цртеж со специфични податоци што служат за определени научни истражувања, за определени потреби.
Англиски: map Албански: hartë
Примери:
политичка карта
ботаничка карта
железничка карта
3. Мало парче хартија, пластика, картон, во правоаголна форма, што служи како билет за превоз со превозно средство, како влезница, пропусница и сл.
Англиски: ticket Албански: biletë
Примери:
автобуска карта
повратна карта
Купи карти за во кино.
4. Примерок од комплет картончиња, ливчиња што меѓу себе се разликуваат по боја, број или цртеж и служат за различни игри.
Англиски: card Албански: letër, biletë
Примери:
На секоја карта добиваше.
Отсутно му ја подаде картата.
5. Попис на јадења и пијалаци во ресторан, кафеана.
Англиски: menu Албански: meny, kartë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Дневна карта на јадења.
винска карта
6. Плоснат дрвен сад во форма на матарка во кој се служи вино, cе кани на свадба и сл.
Албански: enë
Примери:
На сретсело пак се сретнаа и ги изменија картите со вино и шишињата со ракија.
Изрази
Лична карта - документ за идентификација на едно лице, легитимација.
Членска карта - документ со кој се потврдува членството во некоја организација и сл.
Визит-карта - карта за претставување во определени средини, што го содржи името, адресата, телефонот, професијата, должноста и др. на сопственикот.
Дописна карта - карта што служи за допишување; в. картичка.
Гледа на карти - прорекува, претскажува судбина со помош на карти.
Последна карта - последен аргумент, доказ; последен обид, последно средство.
Кула од карти - несигурна работа, без реална основа.
Игра со отворени карти - јавно, отворено ги кажува своите намери; отворено пристапува кон некаква работа, разговори сл.
Му (ти, ми...) оди на карти - има среќа во игра на карти.
Изведенки
1. картачки прид.
картачкиот
Што се однесува на карта.
Пример: картачка дружина
2. карте ср.
мн. картиња
дем. и хип.