кал
(едн.) калта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2352
Примери:
Калта како тесто се лепи за чевлите, натежнува.
Нозете ѝ беа покриени со засушена кал.
Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.
2.
Посебна смеса од земја, вода и слама што се употребува при ѕидање.
Примери:
Порано куќите се мачкаа со кал.
Надвор вее ветриште и удира врз ѕидовите плетени, та облепени со кал.
3.
нечистотија
Англиски:
dirt
Албански:
ndyrësi, baltë
ушна кал
За да ти заврши некоја работа, ќе ти ја земе и калта под ноктите.
4.
беда, мизерија
Примери:
Луѓето сепак не се толку лоши и тој можеби не ги турка сосема во калта на животот.
Мрзеливост, кал и прав беа белези со кои се сродил векот.
Изрази
Фрла кал на некого - клевети, навредува некого.
Извлекува, крева (некого) од калта - дава помош некому, спасува некого од материјална беда или од морална пропаст, од срамота.
Изведенки