а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

каков

какви
Вид збор: Заменка
Ранг: 155
1. Заменска придавка со која се искажува прашање за особина, својство, карактеристика на некого или нешто.
Англиски: what Албански: çfarë
Примери:
Каква марка радио имате?
Какво е времето, убаво или не?
Какви се овие гласови?
Ми се земаше здивот при помислата, каков ќе изгледаш ти тогаш.
Не се знаеја меѓу себе какви се.
2. Во прашални и извични реченици искажува чувства (чудење, одушевување, неодобрување, порекнување).
Албански: çfarë
Примери:
Каква ноќ!
Какво ти училиште!
3. Во односни реченици, во сврзувачка функција често во состав со таков, онаков искажува поврзаност, споредба, релација меѓу особините, својствата на некого или нешто; релативно значење; таков каков што.
Албански: i tillë
Примери:
Пак го покажа на светлоста лицето такво какво што си беше и пред малку.
Се навредуваа со такви зборови, какви што во селото не се чуле.
Дојдоа селаните и од другите села и купуваа добиток каков што им требаше.
4. (било, макар каков) Во зависни конструкции во составите каков; со засилено неопределено значење - некаков, сеедно каков.
Англиски: whatever Албански: sidoqoftë
Примери:
Така се зароди во него мислата да дојде до макар каква ситница што ѝ припаѓа на девојката.
Чекаше од неа одговор, каков било одговор.
5. (било, макар каков) Во состав со честичките „годе“, „да“ кога се истакнува дека се задржува ставот, судот и покрај особините на поимот за кој станува збор или независно од нив; сеедно каков, каков било.
Англиски: whatever Албански: çfarëdo
Примери:
Какво и да е, туѓо е веќе.
Нели се дар - какви и да се, ќе ги прифатиме.
6. (каков било) И со послаб квалитет, што едвај ги задоволува критериумите на категоријата во која припаѓа.
Англиски: whatever Албански: sidoqoftë
Примери:
Тоа не беше каков било фустан, туку фустан шиен од најпознатиот светски шивач.
Изрази
Каков било; макар каков; каков годе. Каков (и) да е - некаков, сеедно каков.
Каков било; макар каков; каков годе. Каков (и) да е - и со послаб квалитет.
Каков сум, таков сум - не можам да бидам поинаков, таков ми е карактерот.
Каков-таков - чии својства, особини едвај задоволуваат; мал, недоволен, некаков.
Каков си! - за никаде си, не гледаш каков си.