а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исфрли

исфрлат; исфрлил; исфрлен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2836
1. Фрли нешто ненужно, искористено.
Англиски: depose Албански: hudh
Примери:
Го исфрли ѓубрето.
2. Отстрани, истера, исклучи некого (од просторија, друштво, организација).
Англиски: throw out Албански: largoj
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Го исфрлија од собата.
Го исфрлиле од раководството.
3. Изнесе во јавност.
Англиски: publicize Албански: publikoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Нашата најголема ѕвезда исфрли нов хит.
Модната куќа исфрли нова колекција.
Изрази
Исфрли (некого) од колосек - наруши редовно состојба.
Изведенки
1. исфрла несв.
исфрлаат
2. исфрлање ср.
глаг. им.
3. исфрлува несв.
исфрлуваат
4. исфрлување ср.
глаг. им.