а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истече

истечат; истече, истечете; истеков, истекоа; истекол, истекле; (ќе) истечев, (ќе) истечеа; (ќе) истечел; истечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5798
1. Излезе од некаде со течење, се излее.
Англиски: spill Албански: rrjedh, derdhë
Примери:
Го засече местото за да истече лошата крв.
Истече млекото.
2. Дојде до крај, помине, заврши.
Англиски: expire Албански: skadoj, rrjedh, del
Употреба: Преносно значење
Примери:
Bи истече времето за размислување.
Додека да трепнеш животот истекол.
Изрази
Очите му истекоа – Го заболеа очите од долго, напорно гледање.
Очите му истекоа – Премногу нападно гледа во некој или нешто.
Изведенки
1. истекува несв.
истекуваат
2. истекување ср.
глаг. им.
3. истечува несв.
истечуваат
4. истечување ср.
глаг. им.