истап
мн. истапи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 34902
1.
Чекор напред пред група луѓе.
Албански:
dal nga rreshti
Неговиот истап пред стројот сите ги изненади.
Слично со:
истапување (ср.)
2.
Постапка што не е во согласност со пристојното однесување.
Англиски:
gaffe
Албански:
veprim i pahijshëm, sulm verbal
Сѐ уште се зборуваше за неодамнешниот истап на младите госпоѓици.
Слично со:
испад (м.)