а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истакне

истакнат; истакнам, истакни, истакнете; истакнав, истакнаа; истакнал; истакнат; истакнев, истакнеа; истакнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2009
1. Постави нешто на видно место.
Англиски: post Албански: postoj
Примери:
Распоредот на часови е истакнат на огласната табла.
2. Постави нешто понапред или повисоко од нешто друго.
Англиски: raise Албански: shtoj
Примери:
Низ целиот град високо ги истакнаа знамињата.
3. Стави нешто во преден план како поважно.
Англиски: stress Албански: theksoj
Примери:
Тој ги истакна прашањата што треба најпрво да се решаваат.
Сакам да истакнам дека казните не се соодветни на прекршоците.
4. (се истакне) Се издвои меѓу другите со некоја особина (храброст, дарба, со работа итн.).
Англиски: distinguish Албански: dalloj
Примери:
Се истакна на новото работно место.
Изведенки
1. истакнува несв.
(се) истакнуваат
2. истакнување ср.
Пример: Истакнувањето на евтината работна рака сега се враќа како бумеранг.