искушение
мн. искушенија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2427
1.
Тоа што силно привлекува, што заведува; желба за нешто примамливо.
Англиски:
temptation
Албански:
joshje
Низ големо искушение минуваше, дали да се запопи или да се ожени?
Слично со:
соблазнување (ср.)
2.
Тешко животно искуство.
Англиски:
ordeal
Албански:
përvoj e hidhur
Важно е храбро да ги поднесеш тешкотиите и искушенијата.
Во големи искушенија се гледа херојската црта на еден народ.
Слично со:
премреже (ср.)