искусен
искусни
Вид збор: Придавка
Ранг: 5232
1.
Што има големо искуство, знаење, вештина стекнати со практика.
Англиски:
experienced
Татко ми е стар и искусен работник.
Не можеш да го излажеш него, тој е вешт и искусен трговец.
Слично со:
опитен (прид.)
2.
Што има големо животно искуство.
Англиски:
experienced
Го прашувам него зашто е искусен човек.
Слично со:
изживеан (прид.)
Изведенки
искусно прил.
Пример: Ме изненади колку искусно ја заврши работата.
Пример: Ме изненади колку искусно ја заврши работата.