искриви
искриват
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6525
1.
Направи да стане нешто криво.
Примери:
Тој ги искриви металните шипки со специјални клешти.
Спротивно од:
исправи (св.)
2.
Направи да има отстапување од нормалата.
Примери:
Детето го искриви 'рбетот со неправилно седење.
Слично со:
деформира (св. и несв.)
3.
Даде неприроден израз на лицето, устата и сл. поради незадоволство, гадливост и др.
Англиски:
grimace
Албански:
bëj grimasë
Устата му се искриви од болка.
Слично со:
изобличи (св.)
4.
Изопачи, изврти нешто, прикаже какво што не е.
Примери:
Ја искриви вистината како што му одговараше.
5.
(се искриви) Стане крив (за лица и за предмети).
Примери:
Се искриви во половината по долгото боледување.
Му се искриви устата.
Дрвјата се искривија под тежината на снегот.
Спротивно од:
исправи (св.)
Изрази
Искриви врат - нестрпливо исчекува некого, бара со поглед, се врти по некого.
Изведенки
1.
искривува несв.
(се) искривуваат
(се) искривуваат
2.
искривување ср.
глаг. им.
глаг. им.