а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искриви

искриват
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6525
1. Направи да стане нешто криво.
Англиски: bend Албански: lakoj
Примери:
Тој ги искриви металните шипки со специјални клешти.
2. Направи да има отстапување од нормалата.
Англиски: deform Албански: deformoj
Примери:
Детето го искриви 'рбетот со неправилно седење.
3. Даде неприроден израз на лицето, устата и сл. поради незадоволство, гадливост и др.
Англиски: grimace Албански: bëj grimasë
Примери:
Устата му се искриви од болка.
4. Изопачи, изврти нешто, прикаже какво што не е.
Англиски: distort Албански: shtrembëroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја искриви вистината како што му одговараше.
5. (се искриви) Стане крив (за лица и за предмети).
Англиски: bend Албански: lakoj
Примери:
Се искриви во половината по долгото боледување.
Му се искриви устата.
Дрвјата се искривија под тежината на снегот.
Изрази
Искриви врат - нестрпливо исчекува некого, бара со поглед, се врти по некого.
Изведенки
1. искривува несв.
(се) искривуваат
2. искривување ср.
глаг. им.