инстинкт
мн. инстинкти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3447
1.
Природна побуда својствена за единката како припадник на определен животински вид да се води од барањата на организмот за обезбедување на физиолошкото одржување, за одбраната на интегритетот и за продолжување на видот.
Примери:
Инстинкт за опстанок.
Родителски инстинкт.
Инстинкт на загрозеност.
Слично со:
нагон (м.)
2.
Вродена способност на човекот за несвесна реакција; внатрешно чувство.
Примери:
Инстинктот и велеше да го напушти тоа место.
Инстинктот не го излага.
Слично со:
интуиција (ж.)