а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

имунитет

(едн.) имунитетот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 18463
1. Природна или здобиена отпорност на организмот на разни заразни болести или на определени отрови.
Англиски: immunity Албански: imunitet
Употреба: Медицина
2. Привилегирано изземање од дејството на некои закони или прописи (за пратеници, лица на посебни функции во власта или во дипломатијата).
Англиски: immunity Албански: imunitet
Употреба: Правда
Примери:
дипломатски имунитет
Изведенки
имунитетски прид.
имунитетскиот
Пример: имунитетски прашања